• сабота, 23 ноември 2024

Бонучи откри што му се допаѓа во Италија под водство на Манчини

Бонучи откри што му се допаѓа во Италија под водство на Манчини
Парма, 26 март 2021 (МИА) - Дефанзивецот на Италија, Леонардо Бонучи ги сумираше впечатоците од квалификацискиот меч за Светското првенство против Северна Ирска (2:0). - Важно е дека не примивме гол, дури и ако направивме многу грешки во второто полувреме и ни треба подобрување, особено кога ја поседуваме топката. Она што секогаш ми се допаѓаше откако Манчини дојде во националниот тим е односот. Играме со сите без страв, ја задржуваме присебноста и се обидуваме да победиме на секој натпревар. Сè уште ме боли што не бевме во можност да се пласираме на СП 2018. Оваа рана никогаш нема да зарасне, но ние мора да ги земеме гневот и гладот ​​од овој „кикс“ и да ги трансформираме во позитивна енергија во иднина, истакна Бонучи за „Раи Спорт“. Роберто Манчини е селектор на Италија од 2018 година. Под негово водство, тимот обезбеди пласман на Евро 2020. зс/

Остани поврзан