• недела, 24 ноември 2024

Болтон: Трамп е неподобен за претседател

Болтон: Трамп е неподобен за претседател
Вашингтон, 18 јуни 2020 (МИА) - Доналд Трамп не е подобен за функцијата претседател, изјави поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон во интервју за телевизијата АБЦ. - Сметам дека тој е неподобен за таа функција. Не мислам дека има вештини за извршување на таа работа, истакна Болтон во интервјуто кое ќе биде целосно објавено во текот на претстојниот викенд. Болтон, кој му беше советник на Трамп за национална безбедност од април 2018 до септември 2019 година, нагласи дека „актуелниот претседател бил толку многу фокусиран на неговиот реизбор, што се друго запоставил“. Тој открива дека Трамп за време на историскиот самит со севернокорејскиот лидер бил повеќе фокусиран „на фотографирањето“ со Ким Џонг-ун, отколку на последиците од состанокот во дипломатски поглед. - Џон Болтон себе си се дискредитираше. Овој човек го пофали Трамп како силен во надворешната политика, дека не ги прави истите грешки како претходните администрации, истакна портпаролката на Белата куќа, Кејли Макенани. Книгата на Болтон „Собата каде што се случуваше се: Мемоари од Белата куќа“ треба да биде објавена на 23 јуни, но во јавноста се појавија делови од книгата. САД го тужеа Болтон откако Советот за национална безбедност на Белата куќа утврди дека работната верзија на книгата содржи пасуси со доверливи информации за националната безбедност. гт/

Остани поврзан