• петок, 05 декември 2025

Болница Кавадарци: Повеќе новороденчиња споредено со лани

Болница Кавадарци: Повеќе новороденчиња споредено со лани

Кавадарци, 14 мај 2025 (МИА) - Во првиот квартал од 2025 година, во Општата болница со проширена дејност во Кавадарци се родени 25 проценти повеќе новороденчиња во споредба со истиот период од 2024 година, информираа од болницата.

- Ова се убави вести од оваа јавна здравствена установа. Оваа статистика не е само бројка, таа претставува живот, иднина и надеж. Радосни сме што сѐ повеќе семејства го започнуваат својот најважен животен момент токму во нашата установа, каде што стручноста и грижата за пациентите се на прво место. Гордост е да се биде дел од овој позитивен тренд, а ние продолжуваме со посветеност и љубов да се грижиме за секој нов живот што започнува овде, во Кавадарци, соопштуваат од Општата болница Кавадарци. свд/са/

Фото : МИА архива 

Остани поврзан