• понеделник, 23 декември 2024

Божиќен настан по повод Христовото раѓање во беровско Русиново

Божиќен настан по повод Христовото раѓање во беровско Русиново

Берово, 7 јануари 2024 (МИА) - Во беровското село Русиново се одржа традиционаналната Божиќна забава организирана од месната заедница од с.Русиново. Во рамки на настанот беа доделени признанија на истакнати поединци меѓу кои на Благој Механџиски – Зегин и здружението „Малешевци за Малешевијата” за особен придонес во афирмацијата на село Русиново. 

Пред своите сожители стопанственикот Механџиски рече дека е чест и задоволство да се прими награда во своето родно место и да се присуствува на Божиќната забава која се одржува во спортската сала која има своја историја. 

-Овде ги почнавме првите школски часови во далечната 1953 година. Тоа беше една од најголемите прогимназии во тоа време. Тогаш во Русиново имаше до 750 ученици за разлика од сега. Од тука никнаа многу паметни и земјоделци и татковци и дедовци, професори, учители и инженери. Вие треба да се гордеете бидејки во Малешевијата има најучени и најработливи свет во Европа, првото место не може да ни го земе никој. Благодарам и се чувствувам радосен кога сум меѓу Вас, ви стојам на располагање, нашите потенцијали се големи, колку се мои толку се и ваши. Убав провод, убава веселба и за арни работи да се гледаме, рече Механџиски. 

Во рамки на настанот беше организирана богата лотарија со вкупен награден фонд од околу 200.000 денари.

-Како и секоја забава имаше многу музика испеан беше и малешевскиот хит „Блажена горо Зелена“ која на радост на присутните лично ја испеа Благој Механџиски Зегин што предизвика овации меѓу присутните, а не изостана и традиционалното Малешевско оро, истакнаа од здружението „Малешевци за Малешевијата“. вс/нд/


Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан