• сабота, 27 јули 2024

Божилов и Павловиќ апсолутни победници на 4. Стопанска Триоги триатлон

Божилов и Павловиќ апсолутни победници на 4. Стопанска Триоги триатлон

Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Апсолутни победници на четвртиот „Stopanska Triogy Triathlon“ што се одржа викендот во СЦ „Борис Трајковски“ и во околината се Александар Божилов од клубот Космос од Софија, Бугарија и Ива Павловиќ од клубот Крагуевац од Србија. 

Второ место во машка конкуренција освои Филип Виленца член на Максимир од Загреб, а трет беше Борис Андреев од Тритим од Софија. 

Кај жените, втора заврши Лана Гавриловиќ од ТК Сава Крагуевац, а трета – Анастасија Пејчева од Тритим од Софија, Бугарија. 

Наградите во главните категории ги врачија Жарко Кржаловски, директор на Стопанска лизинг и Дарко Костовски, директор на продажба.

Победници по категории:
Сениори: Борис Андреев и Лана Гавриловиќ:
Јуниори: Александар Божилов и Ива Павловиќ:
Кадети: Матеј Магдиќ и Маша Марковиќ. зс/

Остани поврзан