• сабота, 17 август 2024

Боемска вечер утре во Кавадарци 

Боемска вечер утре во Кавадарци 

Кавадарци, 16 август 2024 (МИА) - Боемска вечер организираат утре Здружението „Винотек“ и Општина Кавадарци, во рамките на Кавадаречко културно лето. 

-Виното, храната, уметноста преточена низ музика, песна, сликарство, поезија, забава, ќе бидат дел од култната кавадаречка улица „Зелен пазар“, место за средба и дружење на боемите, со тиквешките винарии, дестилерии, ресторани, музички групи, староградски песни, чалгии, серенади, музички перформанси, ликовни уметност, поети, појасни вечерва  Јован Еленов, претседател на „Винотек“, здружение што се залага за промоција на производите од грозје и винскиот туризам. 

Целта е, како што нагласи, негување на традицијата и промоција на најголемиот лозаровинарски регион во државата, Тиквешкиот. свд/вј/

Фото : Фејсбук на „Винотек“

Остани поврзан