• сабота, 23 ноември 2024

Боево гаѓање утре на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид

Боево гаѓање утре на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид
Охрид, 4 октомври 2022 (МИА) - Полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при Секторот за внатрешни работи Охрид утре на стрелиштето „Бејбунар“ од 9 часот ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. СВР Охрид денеска соопшти дека активноста се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”. - Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар” со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом”, стои во информацијата на СВР Охрид. Упатија апел до граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници при СВР Охрид. сс/вј/

Остани поврзан