• вторник, 24 декември 2024

Богослужба посветена на Велигден во Бигорскиот манастир

Богослужба посветена на Велигден во Бигорскиот манастир
Скопје, 18 април 2020 (МИА) - МИА ја пренесува богослужбата посветена на Воскренението Христово - Велигден (Пасха) во Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител. Во манастирот вечерва пристигна благодатскиот оган, кој претходно со грчки авион беше донесен на аеродромот во Скопје. За благодатниот оган се верува верува дека секоја година на Велика Сабота самиот се пали во Светиот Гроб на Господ Исус Христос во Ерусалим. Во Република Северна Македонија светиот оган прв пат пристигна на Велигден во 2009 година, во организација на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, а тогаш преку пријатели од Грчката Црква беше преземен од Солун. ац/

Остани поврзан