Богоев: Олеснување на трговијата e наш клучен приоритет, извоз на 53 милиони литри вино минатата година
- Во 2023 година имало извоз на 53 милиони литри вино од државата. Винската индустрија е особено важна за македонската економија при што наша задача како Царинска управа е да овозможиме услови за олеснување на трговијата и забрзан транспорт со цел зголемување на конкурентноста на македонските производители на вино, изјавил директорот на Царинската управа Стефан Богоев на денешното кроење на винови лози во сопственост на винаријата Бовин.
Скопје, 14 февруари 2024 (МИА) - Во 2023 година имало извоз на 53 милиони литри вино од државата. Винската индустрија е особено важна за македонската економија при што наша задача како Царинска управа е да овозможиме услови за олеснување на трговијата и забрзан транспорт со цел зголемување на конкурентноста на македонските производители на вино, изјавил директорот на Царинската управа Стефан Богоев на денешното кроење на винови лози во сопственост на винаријата Бовин.
Од Царинската управа информираат дека Богоев посочил дека врвен приоритет на Царината како партнер на македонското стопанство е преземање мерки за олеснување и забрзување на трговијата.
-Ова овозможува подобрување на условите за водење бизнис како клучно за зголемување на инвестициите на македонското стопанство, вклучително и винската индустрија, како и зголемување на вработеноста во државата, истакнал Богоев.
Македонската винарија Бовин минатата година извезла 174 илјади литри вино во вкупна вредност од 41 милион денари.
Како што информира Царинската управа, директорот на винаријата, Јани Богески, посочил дека со Царината имаат одлична соработка и оти мерките што се имплементираат за олеснување на трговијата им овозможува поголема конкурентност во однос на останатите земји од регионот. хс/бак/
Фото: Царинска управа