Богоев: Невозможно е целосно да се искорени преносот на пиротехнички средства во земјава, но има напредок
- Директорот на Царинската управа Стефан Богоев вели дека претпразнично се засилени царинските контроли на граничните премини, но дека е невозможно целосно да се искорени нелегалниот влез на пиротехнички средства во земјава бидејќи дел се пренесуваат и со патнички возила.
Скопје, 4 јануари 2024 (МИА) - Директорот на Царинската управа Стефан Богоев вели дека претпразнично се засилени царинските контроли на граничните премини, но дека е невозможно целосно да се искорени нелегалниот влез на пиротехнички средства во земјава бидејќи дел се пренесуваат и со патнички возила.
- Ги интензивираме контролите во претпразничниот период, особено во октомври, ноември и декември, меѓутоа, јасно е дека буквално се не може да се спречи затоа што често пати тие се пренесуваат со патнички моторни возила каде што еден патник или неколкумина патници ги сокријат во некоја од патничките торби. Честопати оние кои имаат почеста потреба да влегуваат и да излегуваат надвор и внатре од државата знаат да го искористат тој момент, рече Богоев.
Според Богоев, има напредок во откривањето и спречувањето на нелегалниот внес на пиротехнички средства во земјава. сан/бак/
Фото: МИА