Бобан Никовски: Повик за поддршка и фер избори во Делчево
- Носителот на советничката листа на партијата ЗНАМ за Општина Делчево, Бобан Никовски, во изјава на социјалните мрежи истакна дека во изминатите 20 дена остварил директни средби со голем број граѓани од општината.
Делчево, 17 октомври 2025 (МИА) - Носителот на советничката листа на партијата ЗНАМ за Општина Делчево, Бобан Никовски, во изјава на социјалните мрежи истакна дека во изминатите 20 дена остварил директни средби со голем број граѓани од општината.
-Во текот на овие средби ги презентиравме нашите политики, проекти и клучни приоритети од важност за општината. Граѓаните со кои разговаравме активно учествуваа, ни ги дадоа своите размислувања и ги искажаа проблемите со кои се соочуваат во секојдневието, наведува Никовски.
Тој посочи дека реакциите и предлозите од граѓаните ќе бидат земени предвид при креирањето на програмските активности на ЗНАМ, со цел подобрување на локалната инфраструктура, унапредување на јавните услуги и создавање на услови за поголема вклученост на граѓаните во одлуките што се однесуваат на нивната заедница.
Никовски истакна дека партијата се залага за транспарентност, чесност и демократски процеси во општината. -Повикот е за фер и демократски избори, со цел секој граѓанин слободно да го изрази своето мислење и да учествува во креирањето на иднината на Делчево, додаде тој.
Тој ги повика граѓаните да ја дадат својата поддршка за кандидатите на ЗНАМ и заедно да придонесат Делчево да стане општина каде сите ќе се чувствуваат горди што живеат и работат. вс/ац/
Фото: Принтскрин Бобан Никовски кандидат на Знам