• понеделник, 23 декември 2024

Блумберг: Иракли Кобахидзе останува премиер на Грузија

Блумберг: Иракли Кобахидзе останува премиер на Грузија

Тбилиси, 28 ноември 2024 (МИА)  - Грузискиот парламент на денешната конститутивна седница се согласи премиерот Иракли Кобахидзе да остане на функцијата и покрај тоа што членовите на опозицијата повикаа на бојкот во знак на протест против резултатите од парламентарните избори минатиот месец, објави Блумберг.

На денешната седница парламентот за нов министер за надворешни работи го избра Мак Бочорошвили, а за нов министер за правда Анри Оканашвили.

Кобахидзе ја презеде функцијата премиер во февруари годинава.

Грузиската Централна изборна комисија објави дека владејачката партија Грузиски сон освоила околу 54 отсто од гласовите на изборите во октомври, а лидерите на партијата ги отфрлија тврдењата на опозицијата за измама, додека пратениците на опозицијата и грузиската претседателка Саломе Зурабишвили ја бојкотираа конститутивната седница на парламентот.

Европските набљудувачи на изборите рекоа дека гласањето се одвивало во атмосфера на „поделби“ обележана со случаи на поткуп, двојно гласање и физичко насилство.

ЕУ уште во јуни на неопределено време го суспендираше процесот на аплицирање за членство на Грузија, откако парламентот усвои закон со кој се бара организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како „да извршуваат интереси на странска сила“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан