Блинкен ќе се сретне со Нетанјаху за време на второто патување во Израел од почетокот на војната
- Американскиот државен секретар Антони Блинкен планира повторно да го посети Израел оваа недела, пренесе ДПА.
Вашингтон, 1 ноември 2023 (МИА) – Американскиот државен секретар Антони Блинкен планира повторно да го посети Израел оваа недела, пренесе ДПА.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер денеска во Вашингтон изјави дека Блинкен в петок ќе отпатува за Израел и Јордан.
Тој треба да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со други претставници на израелската влада „за да добие нови информации за нивните воени цели и планови за исполнување на тие цели“, рече Милер.
Блинкен отпатува за Тел Авив неколку дена по разорните напади на Хамас врз Израел и исто така посети други земји во регионот.
Набргу потоа и американскиот претседател Џо Бајден го посети Израел. јт/
Фото: МИА архива