• вторник, 17 декември 2024

Блинкен: Хамас брзо да го прифати предлогот на Израел за прекин на огнот

Блинкен: Хамас брзо да го прифати предлогот на Израел за прекин на огнот

Ријад, 29 април 2024 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го повика Хамас „брзо да го прифати израелскиот предлог за примирје“ и ослободување на израелските заложници кои ги држи палестинската милитантна група.

Претставниците на Хамас се очекува да се сретнат денеска во Каиро со посредници од Катар и Египет за да одговорат на предлогот на Израел за прекин на огнот.

- Хамас пред себе има исклучително дарежлив предлог од Израел. Единственото нешто што стои меѓу луѓето во Газа и прекин на огнот е Хамас и тие мора да донесат одлука, и тоа брзо, рече Блинкен на самитот на Светскиот економски форум во саудискиот главен град Ријад. јт/

Фото: Х

Остани поврзан