• среда, 27 ноември 2024

Блинкен се надева на „дипломатски ангажман“ од Пјонгјанг

Блинкен се надева на „дипломатски ангажман“ од Пјонгјанг
Лондон, 3 мај 2021 (МИА) - Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен денеска ја повика Северна Кореја да ја искористи можноста за нов политички пристап од Вашингтон за решавање на безизлезот во нејзините нуклеарни амбиции. - Се надевам дека Северна Кореја ќе ја искористи можноста да се ангажира дипломатски и да види дали постојат начини да оди напред кон целта за целосно нуклеарно разоружување на Корејскиот Полуостров, истакна Блинкенј по средбата со британскиот колега Доминик Раб во Лондон. Тој смета дека „Северна Кореја треба да одлучи дали сака или не сака да се ангажира на таа основа“. гт/

Остани поврзан