• петок, 26 јули 2024

Блинкен: Руската инвазија на Украина е стратешки неуспех

Блинкен: Руската инвазија на Украина е стратешки неуспех

Атина, 21 февруари 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја нарече руската инвазија на Украина „стратешки неуспех“, бидејќи рускиот претседател Владимир Путин вети дека „систематски“ ќе ја продолжи офанзивата што почна пред речиси една година. 

„Една година откако претседателот Путин ја нападна Украина. Јасно е дека неговата војна е стратешки неуспех во секој поглед“, рече Блинкен во Атина на крајот од петдневната посета на регионот. 

„Никој не ја сакаше оваа војна. Никој не ја сака оваа војна. Сите сакаат таа да заврши што е можно побрзо. Ако дозволиме ова да продолжи неказнето, тогаш ќе ја отвориме Пандорината кутија низ светот“, истакна Блинкен. паг/

Остани поврзан