• вторник, 24 декември 2024

Блинкен разговараше со Абас за реформите во палестинската управа

Блинкен разговараше со Абас за реформите во палестинската управа
Вашингтон, 1 февруари 2022 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, во обид кон зајакнување на билатералните односи, телефонски разговараше со претседателот Махмуд Абас за потребата од реформи во палестинската управа, соопшти Стејт департментот.
Како што пренесуваат странските агенции, американскиот претседател Џо Бајден се обидува да ги поправи ослабените врски откако неговиот претходник, претседателот Доналд Трамп, ја прекина помошта за Палестинците на Западниот Брег и Појасот Газа и го затвори американскиот конзулат за Палестинците во Ерусалим.
Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс рече дека Блинкен и Абас разговарале за „потребата од реформи во палестинската управа“.
- Двајцата разговараа и за потребата да се подобри квалитетот на животот на палестинскиот народ, рече Прајс.
Абас му рекол на Блинкен дека Израел мора „да ја запре злоупотребата на затворениците и (...) задржувањето даноци“.
Израел во 2018 година почна да ја одбива вредноста на надомест за затворениците од даноците што ги собира во име на палестинската управа и ѝ ја префрла на месечно ниво.
Израел и САД веруваат дека финансиската компензација, која се дели месечно на затворениците, а меѓу другото и на семејствата на Палестинците убиени за наводни напади, поттикнува натамошно насилство. паг/
 

Остани поврзан