Блинкен од Каиро: Примирјето во Газа е најдобар начин за обезбедување регионална стабилност
- -Сите знаеме дека прекинот на огнот е најдобрата шанса за справување со хуманитарната криза во Газа и ризикот за регионалната стабилност, рече Блинкен на прес-конференција со шефот на египетската дипломатија, Бадр Абделати.
Каиро, 18 септември 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Каиро изјави дека прекинот на огнот со цел да се стави крај на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа е најдобриот начин да се обезбеди регионална стабилност.
-Сите знаеме дека прекинот на огнот е најдобрата шанса за справување со хуманитарната криза во Газа и ризикот за регионалната стабилност, рече Блинкен на прес-конференција со шефот на египетската дипломатија, Бадр Абделати.
Во Каиро, Блинкен се сретна и со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, кој вети дека ќе ги интензивира напорите за постигнување примирје во Појасот Газа.
Египетскиот претседател „размени мислење со Блинкен за начините за интензивирање на заедничките напори меѓу Египет, САД и Катар за унапредување на преговорите за прекин на огнот и размена на заложници и затвореници“, се наведува во соопштението од кабинетот на египетскиот претседател. сд/
фото:ЕПА