Блинкен: Може да се постигне консензус со Турција за членството на Шведска и Финска во НАТО
- Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека разговарал со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу за загриженоста на Анкара во врска со влезот на Шведска и Финска во НАТ
Берлин, 15 мај 2022 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека разговарал со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу за загриженоста на Анкара во врска со влезот на Шведска и Финска во НАТО и дека по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Алијансата е убеден дека може да се постигне консензус.
„Не сакам да давам детали за конкретниот разговор што го имавме со министерот за надворешни работи, ниту во рамките на самите седници на НАТО, но можам да кажам дека слушнав речиси целосна, многу силна поддршка за приклучување (Шведска и Финска) на Алијансата“, изјави Блинкен по состанокот во Берлин.
И генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека е убеден оти може да се постигне заеднички јазик со цел да се отстрани загриженоста на Турција за членството на Шведска и Финска во Северноатлантската алијанса. паг/