Блинкен и Столтенберг: Треба да се зајакне источното крило на НАТО
- Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за актуелните напори за зајакнување на источното крило на Алијансата

Вашингтон, 22 март 2022 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за актуелните напори за зајакнување на источното крило на Алијансата.
- Блинкен повтори дека постои потреба за силен и обединет трансатлантски одговор на руската Влада во војната против Украина и ја поздрави работата на зајакнување на одбраната на НАТО, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
Тој исто така наведе дека Блинкен повтори дека САД силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина по „бруталната војна избрана од претседателот Путин“. ми/