• понеделник, 23 декември 2024

Блинкен и Калас разговараа за соработката меѓу САД и ЕУ

Блинкен и Калас разговараа за соработката меѓу САД и ЕУ

Вашингтон, 13 ноември 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се сретна со кандидатката за висок меѓународен претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

Тие разговараа за значењето на соработката меѓу САД и ЕУ во решавањето на глобалните проблеми, вклучувајќи ја и поддршката за слободата и независноста на Украина поради руската агресија, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Блинкен и Калас дискутираа и за соработката во трговијата и заедничките економски цели, како и за заложбите за постигнување стабилност во конфликтни зони низ светот, се додава во соопштението. ссм/

фото: архива

Остани поврзан