• понеделник, 23 декември 2024

Блинкен ги повика арапските држави да извршат притисок врз Хамас да го прифати прекинот на огнот во Газа

Блинкен ги повика арапските држави да извршат притисок врз Хамас да го прифати прекинот на огнот во Газа

Каиро, 10 јуни 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој денеска пристигна во Каиро, од каде ја почна новата турнеја низ Блискиот Исток, ги повика земјите од регионот „да извршат притисок врз Хамас да се согласи на прекин на огнот во Појасот Газа“, јавија француските медиуми.

-Цврсто верувам дека огромното мнозинство Израелци и Палестинци сакаат да веруваат во иднината, во која двата народи ќе живеат во мир и безбедност, рече највисокиот американски дипломат по нешто повеќе од осум месеци војна меѓу палестинското исламистичко движење Хамас и Израел.

Блинкен кажа дека Хамас е единствената страна на разговорите која не го прифатила трифазниот мировен предлог на САД, вклучително и ослободување на заложниците и разговори за прекин на борбите, на кои, како што рече, Израел се согласил.

Официјален претставник на Хамас изјави дека коментарите на Блинкен за прекинот на огнот покажуваат „пристрасност кон Израел“ и дека позицијата на американскиот државен секретар е вистинската пречка за договорот, забележуваат британските медиуми. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан