• понеделник, 16 декември 2024

Блинкен: Вашингтон ги удвојува напорите да ги попречи миграциските рути кои водат до САД

Блинкен: Вашингтон ги удвојува напорите да ги попречи миграциските рути кои водат до САД

Гватемала Сити, 7 мај 2024 (МИА) - Вашингтон ги удвојува напорите да ги попречи миграциските рути кои водат до САД, особено со чартер летови до Централна Америка, изјави денеска на регионалните разговори американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Државниот секретар ја предводи американската делегација на состанокот во Гватемала на регионална конференција за проблемот со миграцијата.

„САД ги засилија напорите против оние што ги ловат ранливите мигранти“, особено оние што пренсуваат луѓе од Азија, Африка и од други места во Централна Америка, рече Блинкен.

„Во февруари, Вашингтон објави нова политика за ограничување на визниот режим што ги таргетира „поединците кои свесно обезбедуваат превоз на оние кои имаат намера нерегуларно да мигрираат во САД, вклучително и преку чартер летови кои пристигнуваат во Никарагва“, рече тој.

Вчера САД воведоа визни ограничувања за колумбиските поморски миграциони директори кои ја олеснуваат нерегуларната миграција, додаде Блинкен.

„Ние ги удвојуваме нашите напори за заштита на работниците мигранти од експлоатација“, рече тој.

Претседателите на САд и на Гватемала, Џо Бајден и Бернардо Аревало се сретнаа во март кога беше објавена и американска помош од 170 милиони долари.

Месец претходно, Гватемала, исто така, се согласи на тринасочна соработка со САД и Мексико за миграцијата.

Во говорот на регионалниот состанок, Аревало повика на „безбедна, уредна, хумана и регулирана миграција“.

Рекорден број мигранти се обидуваат да влезат во САД, главно од Централна Америка и Венецуела, бидејќи бегаат од сиромаштијата, насилството и катастрофите влошени од климатските промени.

Речиси 130.000 Гватемалци илегално ја преминале американско-мексиканската граница од октомври до февруари, меѓу вкупно 1,15 милиони мигранти пресретнати во тој период, според американската гранична патрола.

Аревало ја презеде функцијата во јануари. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан