• вторник, 24 декември 2024

Блинкен: Буча е намерна руска кампања за истребување

Блинкен: Буча е намерна руска кампања за истребување
Вашингтон, 5 април 2022 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека убиствата на Украинците во Буча биле дел од „намерната руска кампања за убивање, измачување и силување“. „Додека рускиот бран се повлекува од украинските региони, светот гледа смрт и пустош што останува зад него“, изјави Блинкен пред да полета за Брисел. „Она што го видовме во Буча не е случаен бандитски бес. Ова е намерна кампања за убивање, мачење, силување, извршување злосторства. Соопштенијата се повеќе од веродостојни. Доказите се таму за да може светот да ги види“, рече Блинкен. паг/    

Остани поврзан