• среда, 27 ноември 2024

Блејк Лајвли во едноставен костум со цветни мотиви на лондонската премиера на „Ова завршува со нас“

Блејк Лајвли во едноставен костум со цветни мотиви на лондонската премиера на „Ова завршува со нас“

Лондон, 9 авгyст 2024 (МИА) - На премиерата на филмот заснован на најпродаваниот роман на американската писателка Колин Хувер - „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us), во Лондон, синоќа глумицата Блејк Лајвли се појави во едноставен, а елегантен костум со цветни детали. И нејзината колешка од филмот, Изабела Ферер носеше фустан со цветни мотиви.

На првото прикажување на романтичната драма во британската престолнина, Лајвли рече дека претворањето на романот во филм е „голема одговорност, но и можност“.

- Кога треба да ги исполниш очекувањата на група луѓе кои се толку страсно поврзани за изворната приказна... Да можеш да ги исполниш очекувањата на луѓето на кои толку многу им е грижа - тоа е прекрасно!, рече глумицата.

 

Во филмот таа ја глуми американската цвеќарка Лили Блум од Бостон, која се вљубува во згодниот неврохирург Рајл Кинкејд, кого го игра Џастин Балдони, кој е и режисер на филмот. Како што нивната врска станува посериозна, Рајл почнува да покажува особини коишто ја потсетуваат Лили на нездравото однесување на татко ѝ, предизвикувајќи ја нејзината траума од детството и создавајќи нездрава средина за заеднички живот...

Сценариото го напиша Кристи Хол.

Романот „Ова завршува со нас“ е продаден во повеќе од шест милиони примероци од неговото објавување во 2016 година. Филмот се прикажува ширум светот само два дена и засега на ИМДБ има оценка 7,2 / 10, Од 1.100 оценувачи. На „Ротен томатос“ го препорачуваат 95 отсто од гледачите и 57 отсто од критичарите.  си/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан