Блатер со обвинувања кон Инфантино
- Поранешниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Сеп Блатер упати многу и жестоки критики до неговиот наследник Џани Инфантино
Њујорк, 13.јули 2025 (МИА) - Поранешниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Сеп Блатер упати многу и жестоки критики до неговиот наследник Џани Инфантино. Тој Инфантино го смета за најодговорен што „фудбалот е продаден на Саудиска Арабија“.
Блатер смета дека сепак проблемот е што нема „отпор“ на погрешните идеи во ФИФА (како на пример Светското клупско). Истотака напоменува дека отсуството на дискусии на конгресите е сериозен проблем и дека никој ништо не дискутира и се е електронски.
Осврнувајќи се на актуелното Светско клупско првенство Блатер, потенцираше дека малку се внимава на здравјето на фудбалерите, дека играат истите клубови, истите играчи, а понекогаш играат и на високи температури. мн/
Фото: ЕПА