• сабота, 28 декември 2024

Би-би-си: Џонсон префрлен на интензивна нега откако состојбата му се влошила

Би-би-си: Џонсон префрлен на интензивна нега откако состојбата му се влошила
Лондон, 6 април 2020 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон е префлен на интензивна нега во болницата „Сент Томас“ во Лондон откако неговата здравствена состојба предизвикана од коронавирусот се „влошила“, соопшти Даунинг стрит, пренесе Би-би-си. Портпаролот на премиерот изјави дека тој бил префрлен на интензивна нега по совети на неговиот медицински тим и во моментов се наоѓа од „одлична нега“. Премиерот побара од министерот за надворешни работи Доминик Рааб да го заменува „онаму каде што тоа е потребно“, додаде портпаролот. Премиерот (55) синоќа беше примен во болница во Лондон со „симптоми на коронавирус“. Во изјавата од Даунинг стрит бр.10  се наведува дека „од неделата вечер, премиерот е под грижа на лекарите во болницата „ Сент Томас“, во Лондон, откако беше примен со симптоми на коронавирус“. -Во текот на попладнето состојбата на премиерот се влоши и по совет на неговиот медицински тим тој е пренесен во одделот за интензивна нега во болницата, изјави портпаролот, пренесе Би-Би-Си. „Премиерот добива одлична нега и им се заблагодарува на сите вработени во болницата за нивната напорна работа и посветеност“. Британскиот премиер првично беше однесен во болница на рутински тестови, откако пред 10 дена беше позитивен на коронавирус. Симптомите му се висока температура и кашлање. сд/  

Остани поврзан