• понеделник, 23 декември 2024

Бишев: Очекувам позитивен ефект од Планот за раст за Западен Балкан врз транзицијата на економијата кон поконкурентна, позелена и подинамична

Бишев: Очекувам позитивен ефект од Планот за раст за Западен Балкан врз транзицијата на економијата кон поконкурентна, позелена и подинамична

Скопје, 31 октовмри 2023 (МИА) - Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев очекува позитивен ефект врз економијата на земјава од Планот за раст за Западен Балкан на ЕУ, но остава повеќе детали да соопштат по завршување на фазата на конституирањето на ова независно тело која е во тек. 

-Јас мислам  да го оставите тоа за наредниот период. Тој план ќе биде актуелен и ќе го коментираме, имаме доволно време и при изработката на буџетот кога ќе ги видиме параметрите повеќе и како тоа ќе биде реперкуирано врз економскиот раст. Се разбира е позитивен ефект. Се спомнуваат големи износи и поготово она што се однесува за транзицијата на економијата кон поконкурентна, позелена и подинамична, вели Бишев во изјава за новинарите по средбата на членовите на Фискалниот совет со претседателот на Стопанската комора на РСМ Бранко Азески за коментар за Планот за раст на Западен Балкан што вчера го престави претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен во Скопје.

Во одговор на прашање за Данокот за солидарност, Бишев рече дека веќе се прибираат пари од тој данок.  

-Ова беше прва средба. Ние ги запознавме со нашите функции, обврски. Значи ние не сме замена за носителите на економските политики, ние сме Фискален совет и во рамките на нашите права и обврски, го изнесовме онака како што сметаме дека во иднина треба да соработуваме. Исто така, Комората нас не информираше. Јас потекнувам од оваа Комора, долги години бев тука. Така да, сметам дека начинот на којшто разговаравме беше едноставен разбирлив и во комуникациите нема да имаме никакви проблеми, вели Бишев.

Со Планот за раст за ЗБ на ЕУ предвидени се 2 милијарди евра во грантови за земјите одрегионот кои ќе повлечат дополнителни 4 милијарди евра во заеми за стратешки проекти коишто ќе го подобрат животот на граѓаните, работењето на компаниите, и инфраструктурата за поврзувањето на земјите од Западен Балкан. Планот има за цел да ја удвои економијата на регионот во следната деценија. Економијата на Република Северна Македонија во моментов е на 42 отсто од просечниот приход во ЕУ. вг/нд/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан