• вторник, 24 декември 2024

Битолското културно лето „БитФест“ во завршна фаза

Битолското културно лето „БитФест“ во завршна фаза
Битола, 15 август 2022 (МИА) - Битолското културно лето „БитФест“ влегува во завршна фаза со програмските активности кои почнаа да се реализираат на 19 јуни, а ќе бидат заокружени на 31 август со концерт на групата „Меморија“. Според програмата, „БитФест“ продолжува со традиционалната манифестација „Незаборав“ која ќе се одржи утревечер во големата сала на Центарот за култура - Битола. - Новото, 12 издание на „Незборав“ ќе биде исполнето со песни за Битола, односно со концерт на кој ќе настапат повеќе естрадни уметници, најави Панде Димитровски, организатор на манифестацијата. Од Општина Битола информираат дека на 17 август во Офицерски дом ќе биде отворена изложба „40 години творештво“ чиј автор е Драган Најденовски, на 18 август ќе се одржи концерт на класична музика „Љубов и светлина“, а од 19 август и за прв пат во рамки на „БитФест“ ќе се одржи Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. По завршувањето на фестивалот на кинематограферите од светот, а до крајот на „БиФест“ ќе се одржат манифестациите „Широк сокак во бело“, изложба на слики од Владимир Илиевски и концерти. мт/мс/

Остани поврзан