• сабота, 16 ноември 2024

Битиќи: СДСМ ќе продолжи да го дава најдоброто за сите граѓани

Битиќи: СДСМ ќе продолжи да го дава најдоброто за сите граѓани
Скопје, 1 септември 2021
Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во рамки на караванот “Најдоброто за нашата општина" го посети Гостивар  каде што заедно со жителите на централното градско подрачје одржаа конструктивна маалска средба. Низ отворена дебата со присутните гостиварчани  потпретседателот најпрво продискутира за досегашните активности и реализација на СДСМ опфаќајќи ги проектите од локално и централно ниво.
“Во изминатите четири години СДСМ направи многу, постави високи стандарди на одговорно, чесно и транспарентно водење како на централните институции така и на општините. Ги трансформиравме работите на подобро. Поставивме пример на одговорно, домаќинско и отчетно управување со јавните финансии, парите на граѓаните денеска не ги трошиме на барок, на споменици и палми, туку вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради. Сето она што значи унапредување на квалитетот на живот на граѓаните. За само 4 години бележиме раст на минималната и просечната плата за повеќе од 6.000  денари. Платите растат и  во здравството, во образованието, во детската и социјалната заштита, во одбрана и полиција.  Како Влада обезбедивме над 700 милиони евра поддршка и помош на стопанството кое се соочи со предизвиците што ги донесе коронакризата.”- заклучи Битиќи
 
“Само за споредба, за 10 години Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради 45 градинки, а Владата предводена од СДСМ само за 4 години изгради 59, со што ги зголемивме капацитетите за згрижување на децата за дури 130%. Тука мислам и на новата детска градинка со капацитет од 90 деца која ја добива Гостивар и нов инвентар за другите три градинки. Верувам дека ова ќе бидат последните средби на кои ќе говориме за вложувања во водоводи и канализации бидејќи тие се елементарна потреба на граѓаните и затоа во Гостивар вложуваме над 770,000.00 евра за нова водоводна мрежа и над 860.000.000,00 денари за изградба на гасоводната линија Гостивар – Кичево. Преку ТАВ програмата обезбедивме средства за реконструкција на болницата во Гостивар. И токму на ова мислиме кога зборуваме за најдоброто, ова е најдоброто кое мораме да го имаме на ум и е постигнато за само четири години од кои една година бевме во светска пандемија на коронавирусот”- истакна потпретседателот Битиќи на средбата.
СДСМ работи и ќе продолжи да работи заедно со граѓаните на секој град на секоја општина, на секое населено место, на граѓаните од секоја етничка заедница. За СДСМ секој е подеднакво важен, граѓаните тоа го знаат и затоа заедно со нив СДСМ го очекува сигурна победа на предстојните избори.
Центар за комуникации на СДСМ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан