• понеделник, 23 декември 2024

Битиќи: Разбирлив е притисокот кон судството и обвинителство, мора да се постапува и да се испорачаат резултати

Битиќи: Разбирлив е притисокот кон судството и обвинителство, мора да се постапува и да се испорачаат резултати

Скопје, 14 јули 2023

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за Канал 5 телевизија истакна дека притисокот кон судството и обвинителството е разбирлив.

-Веројатно притисокот е толку голем во овој момент кон Обвинителстгвото и судството, да почнат да постапуваат, да постапуваат и кон други предмети. Случајот Феникс е веројатно последица на таквиот притисок, шест години се чувало, требало да се спреми, се е тоа во ред, понатаму гледам денеска имаше одредени исходи од одредени судови, рече Битиќи.

Значи мора да има  доволно притисок на сите страни за да конечно се повикат сите дека мора да се постапува и да се испорачаат резултати, порача потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за Канал 5 телевизија.

Граѓаните јасно кажуваат дека иднината не е во политички партии коишто би ја вратиле земјата назад, европскиот пат за нив е највисоко во агендата и тоа е нивниот избор, рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи зборувајќи за последните анкети и истражувања на јавното мислење.

-Ако ја читате анкетата на ИРИ очигледно е дека граѓаните сакаат јасна визија за својата земја. Јасната визија дури да има предвремени парламентарни избори, и на редовни парламентарни избори, од другата страна немаме јасна визија, додаде Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ порача дека ДПМНЕ треба да излезе пред граѓаните и да одговори дали се спремни да направат нешто за влез на земјата во ЕУ.

- Дали ова партија која што е сега во опозиција и која што се спреми да ја добие власта навистина е спремна да направи нешто за влез во ЕУ?  Не сум сигурен, ги видовме ние 11 години и се уназадивме во европските интеграции. До денеска нема една изјава од нив дека ќе направат нешто за да влеземе во ЕУ, немаат што да им одговорат на нивните деца. Зборуваат за одредени сојузи, за единство, ама за каде?  Граѓаните заслужуваат јасен одговор каква иднина ќе видат наредните 10,15,20 години. И затоа опозициската партија треба да одговори еднаш, да излезе и да каже – ние сме спремни и ние ќе го направиме ова, се друго е дневна политика, рече Битиќи.

Во однос на очекувањата за изборниот резултат на наредните редовни парламентарни избори доколку се спроведат уставните измени Битиќи рече дека граѓаните ќе ги казнат оние кои ја замаглуваат иднината на земјата.

-Јас сметам дека секој граѓанин многу поразумно од одредени политичари проценува на денот кога оди да гласа. Не верувам дека граѓаните би казниле некого кој што ќе  зададе јасна иднина за нив и за нивните деца, туку ќе ги казнат оние коишто ќе им ја замаглат иднината. Граѓаните расудуваат подобро од многу некои политичари и нема да не казнат кога ќе видат дека одлуката е вистинската одлука, додаде Битиќи.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан