• среда, 25 декември 2024

Битиќи од трибината на СДСМ „Силно и одлучно“ од Врапчиште: СДСМ здружено и заедно, посветено работи за граѓаните

Битиќи од трибината на СДСМ „Силно и одлучно“ од Врапчиште: СДСМ здружено и заедно, посветено работи за граѓаните
Скопје, 15 ноември 2022 Потпретседателот Битиќи денеска се обрати на трибината организирана во Врапчиште, дел од караванот „Силно и одлучно“. Потпретседателот на почетокот на трибината се осврна на кризата низ која поминуваме и справувањето со истата. „Тежок период е, сите ги чувствуваме последиците од кризата, но заедно сме, СДСМ е тука за вас. Само заедно можеме да успееме и ќе успееме, во тоа да бидете сигурни. И тоа додека непоколебливо одиме на патот кон Европската Унија. Денеска сакам да зборуваме за она што е пред нас, но и да зборуваме за нас, нашата партија, како и предизвиците со кои се соочуваме. Да зборуваме за она што е сработено но и да слушнам од вас предлози, забелешки, мислења.“ Потпретседателот зборуваше и за покачувањето на стандардот на живеење на граѓаните, што е исклучително значајно во оваа криза. „Во меѓувреме работиме на раст на стандардот, затоа ја качивме минималната плата на 18.000 денари. Која во март ќе има ново покачување, кое ќе го следи растот на стандардот и цените за живот. И за тоа беше борбата, за подобар живот за сите. Просечната плата продолживме да ја зголемуваме и во услови на криза, во септември таа изнесува 31.812 денари.“ Потпретседателот Битиќи на крајот на своето обраќање се осврна и на блокирањето и неодговорно однесување на опозицијата во целиот овој период. „Додека СДСМ работи за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ блокира и се однесува недомаќински, недржавнички, неодговорно. Во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ упорно блокираат над 50 закони во интерес на граѓаните и државата. Меѓу нив и законот кој обезбедува 100 милиони евра за непречено работење на ЕСМ во време на криза. Не се точни лагите за затворање на ТЕЦ Неготино ниту на РЕК Битола. Напротив.“ – рече Битиќи „ Затоа од нас зависи! Ајде да зборуваме, да се договориме, да работиме и да сработиме. Не чека работа на патот до влез во Европската Унија. Од нас зависи, каква ќе биде иднината на државата, дали ќе продолжи по овој вистински пат. Од нас зависи дали ќе продолжи концептот на поголеми плати и пензии и враќање на парите кај народот. Само од нас, и од никој друг. Затоа да сме здружени, гласни, да работиме заедно, да се поддржуваме и на следните избори повторно да победиме.“ – потенцираше на крајот Битиќи СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан