• среда, 25 декември 2024

Битиќи на отворањето на второто издание на меѓународниот „РЕДИ самит“

Битиќи на отворањето на второто издание на меѓународниот „РЕДИ самит“
Скопје, 22 ноември 2022 (МИА) - Во организација на здружението „Иницијатива за Економски Развој на Ромите – РЕДИ“ денеска и утре во Скопје ќе се одржи меѓународниот „РЕДИ самит.“ На „РЕДИ самитот“ ќе се одржат панел-дискусии кои, како што вели организаторот, ќе ја создадат совршената средина за стекнување знаења и изнаоѓање нови и иновативни пристапи за промовирање на вклученоста на Ромите. На првиот ден на самитот, според агендата, ќе се обратат вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Јаин и амбасадорот на Австрија Георг Вуцас. На вториот ден на самитот најавено е учество на министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати и на советникот на премиерот на Република Северна Македонија,Елвис Мемет. -Второто издание на „РЕДИ самитот“ ќе ги здружи засегнатите страни, односно јавните институции, невладините организации, европските и меѓународните институции, социјалните иноватори и претприемачите, кои ќе дискутираат околу развојот на Ромите во Агендата за зелена и дигитална трансформација на Европската Унија, велат од Здружението. дма/мд/      

Остани поврзан