• сабота, 23 ноември 2024

Битиќи: Во наредните 10 дена би требало да знаеме кој ќе биде универзален снабдувач на електрична енергија

Битиќи: Во наредните 10 дена би требало да знаеме кој ќе биде универзален снабдувач на електрична енергија

Скопје, 12 јануари 2024 (МИА) - Денеска ќе се отвораат понудите и ќе се оценува дали ги исполнуваат условите. Не знаеме кој се може да аплицира, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во врска со тендерот за универзалниот снабдувач за електрична енергија.

Одговорајќи на новинарски прашања по панелот „Економските придобивки од интеграцијата во ЕУ за компаниите и граѓаните во Северна Македонија“, Битиќи оцени дека пониската маржа може да ги намали сметките за струја на граѓаните.

-Денеска ќе има отворање на понудите, ќе се направи административна проверка дали ги исполнуваат условите тие што аплицирале. Не знаеме кој се е можно да аплицира. Потоа ќе се закаже негативно наддавање и аукција. Мислам дека веќе во наредните 10 дена би требало да знаеме. Пониската маржа која влегува во конечната цена за крајните корисници би требало да ги намали цените и тоа е една од идеите. Ние правиме напори со сите инвестиции во обновливи извори и во трансформацијата кон „зелена енергија“, граѓаните да добијат што пониски цени на струјата како крајни корисници, истакна Битиќи. 

Се знае кои се јавните институции поврзани со критиките од ЕУ за наводни злоупотреби на европските пари. Но, тие нема да бидат откриени додека не завршат предиситражните постапки кои се во те

Како што информираа утрово за МИА од Министерството за економија, во 15 часот попладнево истекува рокот за доставување понуди за тендерот за нов универзален снабдувач. Комисијата за евалуација потоа треба да ги отвори понудите и да види дали ги исполнуваат условите. 

На универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ на 30 јуни 2024 година му истекува петгодишниот договор за снабдување со електрична енергија на потрошувачите на регулираниот пазар. Поради тоа, Владата на 11 декември 2023 година објави јавен повик за избор на нов универзален снабдувач што ќе треба во наредните пет години, почнувајќи од 1 јули 2024 година, да ги снабдува со струја потрошувачите на регулираниот пазар. Предвидено е изборот да се изврши преку електронска аукција на која услов е да се понуди профитна маржа пониска од 11,5 отсто, колку што изнесува маржата на досегашниот универзален снабдувач „ЕВН Хоум“. мч/бак/

Фото: МИА архива и принт скрин

Остани поврзан