• сабота, 23 ноември 2024

Бионтек со тројно поголем приход поради вакцината против Ковид-19

Бионтек со тројно поголем приход поради вакцината против Ковид-19
Берлин, 9 мај 2022 (МИА) – Германската биотехнолошка компанија Бионтек денеска соопшти дека повеќе од трипати ги зголемила профитот и приходите во првиот квартал од годината благодарение на побарувачката за вакцината против Ковид-19, но очекува опаѓање на продажбата во текот на годината. Приходите на Бионтек во првиот квартал изнесуваат 6,37 милијарди евра, а а нето добивката на 3,70 милијарди евра, соопшти компанијата, која ја разви вакцината против Ковид-19 во соработка со американската компанија Фајзер. Компанијата потврди дека очекува од 13 до 17 милијарди евра приход од вакцините оваа година. Во 2021 година Бионтек испорача нешто помалку од 2,6 милијарди дози при што приходот изнесуваше 19 милијарди евра. за оваа година е предвидено да испорача вкупно 2,4 милијарди дози вакцина против Ковид-19. Додека Фајзер предвидува дека приходите оваа година ќе изнесуваат 32 милијарди долари, додека во 2021 година приходот изнесуваше 36,8 милијарди долари. ми/

Остани поврзан