• понеделник, 23 декември 2024

Бил Козби виновен за сексуален напад

Бил Козби виновен за сексуален напад
Лос Анџелес, 22 јуни 2022 (МИА) - Судските власти во американската сојузна држава Калифорнија, во граѓанска тужба, пресуди дека познатиот глумец Бил Козби сексуално ја нападнал Џуди Хат, во вилата „Плејбој“ во Лос Анџелес во 1975 година, кога била тинејџерка. Судот му наложи на глумецот-комичар и да ѝ плати 500.000 долари отштета за душевна болка по немилиот настан. Џуди Хат сведочеше дека Козби (84) ја поканил неа и еден пријател во вилата кога таа имала 16, а тој 37 години, па ја принудил на секс. Пресудата е донесена речиси една година по ослободувањето на глумецот од затвор, кога Врховниот суд на Пенсилванија ја отфрли пресудата за сексуален напад во друг кривичен случај, поради правни пропусти. Американскиот актер, кој лично не се појави на судењето, ги отфрли наводите од обвинението. Против оваа пресуда неговата одбрана ќе поднесе жалба, изјави гласноговорникот на Козби. Бил Козби е можеби најпознат по улогата во семејната комична ТВ-серија „Козби шоу“ од 1980-тите, а некогаш беше познат како „таткото на Америка“ и национален пример за татковски и семеен морал и етика. Во 21. век, тој се соочи со десетици обвиненија за сексуални напади, недолично однесување и силувања кои почнале уште во 1960-тите, а се спротивни од дотогашните претстави за него.  си/сд/

Остани поврзан