• сабота, 23 ноември 2024

Билстром: Ги исполнивме нашите обврски, време е Турција да започне со ратификација

Билстром: Ги исполнивме нашите обврски, време е Турција да започне со ратификација

Стокхолм, 21 јуни 2023 (МИА) - Шведска ги исполни своите обврски од договорот со Турција поврзани со членството во НАТО, а сега е време турскиот Парламент да го започне процесот на ратификација, изјави шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром.

Шведска и Финска лани по руската инвазија во Украина поднеле барање за членство во НАТО, напуштајќи ја својата долгорочна политика на воена неусогласеност.

Во март, Турција го ратификуваше договорот за пристапување на Финска во Алијансата, но не и за Шведска, тврдејќи дека во скандинавската земја се сместени членови на Курдистанската работничка партија (ПКК), кои Анкара ги смета за терористи.

Финска официјално стана 31-ва членка на НАТО на 4 април.

Другите членки ги повикаа Унгарија и Турција да го ратификуваат договорот, со што Шведска ќе стане членка до Самитот на НАТО, што ќе се одржи во Вилнус на 11 и 12 јули. мс/сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан