• четврток, 26 декември 2024

Билд: Најоптоварени со баратели на азил се Грција, Кипар, Германија и Австрија, според доверлив документ

Билд: Најоптоварени со баратели на азил се Грција, Кипар, Германија и Австрија, според доверлив документ

Берлин, 25 март 2023 (МИА) - Грција, Кипар, Германија и Австрија прифаќаат несразмерно голем број баратели на азил во однос на нивната популација, покажуваат податоците од доверлив документ, објавен од весникот Билд.

Грција засолни 6,81 отсто од мигрантите во однос на нејзината популација, додека според „фер распределбата“ во рамките на Европската Унија, има право на 1,9 отсто. Кипар прифаќа 1,36 отсто од барателите на азил, иако тоа треба да биде 0,18 отсто. На врвот на објавената листа е Германија, која прифаќа 35,42 отсто од сите пријавени, иако тој процент би требало да изнесува 22,05 отсто. Австрија, пак, се соочува со 4,85 отсто, додека би требало да се ограничи на 2,46 отсто.

Според информациите на германскиот весник, Холандија, која е дом на 0,64 отсто азиланти кога би требало да биде 1,64 отсто, настојува да спроведе правило за распределба врз основа не на населението на секоја земја, туку на нејзината економска сила. Еден од највпечатливите примери во овој поглед е Полска, која дава засолниште за 0,86 отсто, додека треба да ги прифати барањата на 6,25 отсто од барателите на азил (врз основа на критериумот за население).

Грчкиот министер за миграција и азил Панајотис Митаракис истакнува дека „во првите месеци од 2023 година, пристигнувањата се зголемени за 177 отсто во споредба со претходната година, а ако се погледне бројот на нови мигранти од јануари 2022 до јануари 2023 година е уште подраматично - зголемувањето е 278 проценти“. Затоа Митаракис бара сеопфатна помош од ЕУ, особено во регионот погоден од земјотресите во Турција, за да се спречи натамошниот миграциски притисок од тој регион. ссм/

Остани поврзан