Во Крушево средба на министрите за култура Љутков и Селаковиќ
- Двајцата министри ќе ја потпишат и новата програма за соработка во областа на културата меѓу двете земји за периодот 2026 - 2030 година.
Скопје, 28 јануари 2026 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Крушево ќе оствари билатерална средба со својот колега, министерот за култура на Република Србија, Никола Селаковиќ.
Како што соопштија од Министерството за култура, двајцата министри ќе ја потпишат и новата програма за соработка во областа на културата меѓу двете земји за периодот 2026 - 2030 година.
Настанот, велат од Министерството, претставува значаен чекор во унапредувањето на пријателските односи и заедничките културни вредности на Македонија и Србија. сст/са/
Фото МИА архива