• сабота, 23 ноември 2024

Билатерална средба на министерот Тошковски со унгарскиот колега Шандор Пинтер

Билатерална средба на министерот Тошковски со унгарскиот колега Шандор Пинтер

Скопје, 27 септември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во Охрид остварил билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Република Унгарија, Шандор Пинтер.

На средбата, соопштија од МВР, било разговарано за повеќе прашања од заеднички интерес на двете држави, особено за соработката во борбата против илегалната миграција и криминалот со криумчарење на лица.

- Беше потенцирана потребата за продлабочување на соработката помеѓу Центарот за обука на МВР и унгарското полициско училиште за спроведување на законот во делот на спроведување на заеднички обуки, соопштија од МВР.

Министерот Пинтер упатил покана до министерот Тошковски да учествува на претстојната конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Будимпештанскиот процес, што ќе се одржи во Будимпешта во ноември оваа година. цр/ац/

Фото: МВР

Остани поврзан