• сабота, 23 ноември 2024

Биелса: Некои медиуми сакаат да го дестабилизираат Лидс

Биелса: Некои медиуми сакаат да го дестабилизираат Лидс
Лидс, 24 декември 2020 (МИА) - Тренерот на премиерлигашот Лидс, Марсело Биелса, обвини денеска дел од британските медиуми дека се обидуваат да го дестабилизираат тимот, продолжувајќи да го преиспитуваат неговиот стил на игра. Биелса, како што објави „Скај спорт“, пристигна на конференцијата за новинари пред претстојниот меч со Барнли „вооружен“ со досие, како одговор на критиките на сметка на Лидс по минатонеделниот тежок пораз од Манчестер јунајтед. - Не се грижам премногу за тоа што мислат медиумите. Секогаш слушам, читам и се обидувам да извлечам најдобра можна порака од тоа што е напишано. Ме загрижува тоа што напишаното влијае врз јавноста и ги редуцира нејзините способности да ги разберат работите, изјави Биелса. Тој додаде дела медиумите „се обидуваат да го дестабилизираат тимот, предлагајќи им на играчите дека стилот на игра треба да се менува. - Притоа, не е важно што во претходниот натпревар, мислењето на истите тие медиуми беше сосема поинакво, посочи Биелса. Во продолжение на прес-конференцијата, Биелса повеќе од 40 минути изнесуваше „форензичка анализа“ на неделниот натпревар против Јунајтед, како одговор на едно новинарско прашање, и се согласи дека неговата екипа повторно не успеала да реализира бројни шанси. - Не се грижам поради новинарските прашања... Тоа што ме загрижува е ефектот што медиумите го имаат врз јавноста. Сите овие мои објаснувања се поради јавноста. Знам дека ја губам оваа битка, знам дека на јавноста и треба едноставно објаснување, а моето е сложено, додаде Биелса. ег/ми/

Остани поврзан