Биг Бен од утре повторно ќе работи, по петгодишна реставрација
- Биг Бен, светски познатото ѕвоно на кулата во Лондон, утре повторно ќе ѕвони по петгодишна пауза.
Лондон, 12 оември 2022 (МИА) - Биг Бен, светски познатото ѕвоно на кулата во Лондон, утре повторно ќе ѕвони по петгодишна пауза.
Големиот часовник над британскиот Парламент ќе продолжи со секојдневната работа по петгодишната реставрација на механизмот, кој има повеќе од 1.000 подвижни делови.
Биг Бен последен пат редовно ѕвонеше во 2017 година.
По една недела тестирање, утре во 11:00 часот треба да почне автоматски да работи. паг/