• петок, 05 декември 2025

Библиотеката во Пехчево доби донација од американска организација-најавена нова програма за учење англиски јазик

Библиотеката во Пехчево доби донација од американска организација-најавена нова програма за учење англиски јазик

Пехчево, 16 септември 2025 (МИА) – Општина Пехчево за локалната библиотека обезбеди донација од американската непрофитна организација „Darien Book Aid“, посветена на унапредување на писменоста по англиски јазик ширум светот.

Благодарение на оваа соработка, библиотеката доби околу 40 книги на англиски јазик, избрани за потребите на граѓаните. Книгите веќе се достапни за користење во ОУМБ „Кочо Рацин“ – Пехчево.

- Во текот на следната година, библиотеката заедно со волонтерката од Мировниот корпус во општината, Шејна Малцер, ќе започне нова програма под името „English Reading Corner Pehcevo“. Преку иницијативата, учениците ќе имаат можност да учествуваат во книжевни настани, активности и работилници преку кои ќе го истражуваат светот на читањето на англиски јазик, како и американската култура и начин на живот, информираа од установата.

Оваа донација според градоначалникот на Пехчево, Александар Китански е од големо значење за заедницата, бидејќи им отвора нови можности на младите да учат, да читаат и да се запознаваат со светот преку англискиот јазик. 

-Со нетрпение очекуваме програмата да ја збогати љубовта кон книгата кај најмладите,“ изјави Китански. вс/сст/

Фото: МИА

Остани поврзан