Би-Би-Си се извини поради што новинарот Башир со измама обезбедил интервју со принцезата Дајана
- Би-Би-Си денеска објави „целосно и безусловно извинување“, откако независен извештај утврди дека новинарот Мартин Башир со „измама“ успеал да обезбеди интервју со принцезата Дајана во 1995 г

Лондон, 20 мај 2021 (МИА) - Би-Би-Си денеска објави „целосно и безусловно извинување“, откако независен извештај утврди дека новинарот Мартин Башир со „измама“ успеал да обезбеди интервју со принцезата Дајана во 1995 година.
- Индиректна и вистинска цел на измамите на Башир беше принцезата Дајана, напиша пензионираниот судија Џон Дајсон.
Извештајот е објавен по шестмесечна истрага. ми/