• понеделник, 23 декември 2024

Беџети: Пратеничката група на Коалицијата „Европски фронт“ функционира во полн состав

Беџети: Пратеничката група на Коалицијата „Европски фронт“ функционира во полн состав

Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) - Пратеничката група на Коалицијата „Европски фронт“ функционира во полн состав, истакна денеска координаторот на пратеничката група Блерим Беџети одговарајќи на новинарско прашање околу наводите во медиуми дека претстедателот и пратеник на ДПА Мендух Тачи се повлекува од коалицијата.

-Пратеничката групата на Коалицијата „Европски фронт“ функционира во полн состав. Активна е во сите сфери внатре во Собранието и надвор во комуникација со граѓаните. Јасно  ни е дека од Коалицијата Вреди се во паника од поголемата реакција на Албанците и другите етнички заедници, посебно спрема нив како губитници на изборите. „Европскиот фронт“ е комотен и функционира, но не се комотни граѓаните и тие се нивни желби остануваат со отворени очи. ДУИ има сопствен план, сопствена агенда, победи на секои избори и најверодавни за нас се граѓаните Албанци кои ни даваат поддршка, а не другите коментари, рече Беџети.

Одговарајќи на повиците на премиерот Христијан Мицкоски дека ДУИ треба да се реформира оти тоа е единствениот начин за конструктивна опозиција, Беџети нагласи оти „ако тоа е основ, тогаш во претходниот владин мандат имало лица кои се осудени, а и денеска се носители на јавни функции“.

-Ако е тој основ, колку што знам јас во претходниот мандат стотина нивни функционери кои и денеска се носители на јавни функции се осудени на условно, се во судски постапки а се носители на јавни функции. Ако влеземе во таа дебата, тогаш ќе ја изгубиме и презумпцијата на невиност од нивна страна. И затоа се воздржувам од споменување на имиња. ДУИ ја има таа чест и одговорност со огромното гласање на Европскиот фронт што го доби легитимитетот. А за интерните планови на секоја партија, секој се грижи најдоброто да го создаде, рече Беџети. фф/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан