• понеделник, 23 декември 2024

Беќировиќ: Декларацијата од Сесрпскиот собор го реинкарнира проектот за голема Србија

Беќировиќ: Декларацијата од Сесрпскиот собор го реинкарнира проектот за голема Србија

Сараево, 10 јуни 2024 (МИА) - „Декларацијата за заштита на националните и политичките права и заедничката иднина на српскиот народ“ усвоена во саботата во Белград во „Сесрпскиот сабор “ под наслов „Еден народ, еден парламент - Србија и Српска“ ги загрозува меѓународните закони и го реинкарнира проектот за голема Србија - изјави денеска претседавачот на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ.

Беќировиќ изјави дека Европската унија и земјите кои се стремат кон неа се свртуваат кон меѓусебно почитување и ценење, додека претседателот на Србија, Александар Вучиќ оди во сосема спротивна насока.

„Овој опасен проект на српскиот претседател е директно поврзан со обидите на Русија да ја дестабилизира Југоисточна Европа и да го одвлече вниманието од руската агресија кон Украина“, рече Беќировиќ.

Според него, Декларацијата не го почитува меѓународното и националното право, ниту постоењето на независна, суверена и неделива држава Босна и Херцеговина.

„Претседателот на Република Србија, залагајќи се за спроведување на мрачната идеја за „еден народ, еден парламент“, го негира меѓународното правно значење на територијалниот принцип како основа за практикување на суверена власт“, ​​рече Беќировиќ. 

„Политиката на Голема Србија е опасна за целиот европски континент... Освен претседател на Србија, не постои претседател на држава што неовластено се обидува да ја определи надворешната политика на друга суверена земја, спротивно на донесените закони стратегии и други документи на државата Босна и Херцеговина“, рече Беќировиќ.сд/

Остани поврзан