• петок, 05 декември 2025

Беќири: Сите играчи се подготвени да го дадат својот максимум

Беќири: Сите играчи се подготвени да го дадат својот максимум

Приштина, 27.ноември 2025 (МИА) – Македонскиот фудбалски првак Шкендија вечерва во Приштина го игра четвртиот натпревар од УЕФА Конференциската лига, а домаќин и ривал им е Дрита. Екипата од Тетово од досегашните дуели има четири бодови (победа, нерешено и пораз).

Желбите на „тетовчани“ се да ја мината елиминациската фаза, но потребно е вечерва во Приштина да останат непоразени.

Искрено се надеваме дека ќе дојдеме до позитивен резултат, а позитивен резултат за нас е победа. Сите играчи се подготвени и мотивирани и се надевам дека оние што ќе излезат на терен ќе го дадат својот максимум. Сметам дека не очекува динамичен и пред сè квалитетен натпревар, изјави тренерот на Шкендија Јетон Беќири.

Натпреварот Дрита – Шкендија почнува во 21 часот и се игра на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина. мн/

Фото: Фејсбук ФК Шкендија

Остани поврзан