Беќири: Сега имаме појасна слика за противникот
- Фудбалерите на тетовска Шкендија првакот на Македонија утре го играат реванш натпреварот од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите
Скопје, 14.јули 2025 (МИА) - Фудбалерите на тетовска Шкендија првакот на Македонија утре го играат реванш натпреварот од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Ривал им е ТНС од Велс, а на првиот дуел натпреварот заврши без голови 0:0.
- Сега имаме појасна слика за противникот, кој често го менува составот. Но, и тие знаат повеќе за нас. На првиот натпревар игравме по внимателно, но сега сметам дека сме подготвени да одиграме многу подобро. Како и да е мора да бидеме максимално внимателни. Со поддршка на навивачите и максимално ангажирање, верувам ќе направиме резултат и ќе се пласираме во следната рунда, изјави тренерот Јетон Беќири на денешната прес-конференција.
Натпреварот Шкендија - ТНС се игра утре на Националната Арена „Тодор Проески“, а почетокот е во 20 часот. мн/
Фото: Фејсбук ФК Шкендија