• петок, 05 декември 2025

Беќири: Мораме да бидеме поагресивни

Беќири: Мораме да бидеме поагресивни

Баку, 11.август 2025 (МИА) - Фудбалерите на Шкендија утре го играат реванш дуелот од третото коло од квалификациите од Лигата на шампионите. Нивни домаќин е првакот на Азербејџан екипата на Карабах. На прес конференцијата тренерот на тетовчани Јетон Беќири изјави:

 - Очекувам уште еден тежок натпревар. Карабах е квалитетен состав. Ние ќе дадеме максимум и ќе се обидеме да постигнеме гол. На првиот дуел нашиот противник беше подобар ривал, а ние голот го примивме по наша грешка од пенал. На реваншот мора да бидеме поагресивни и повеќе да мислиме на напад.

Натпреварот Карабах - Шкендија се игра утре во Баку со почеток во 18 часот. мн/

Фото: Фејсбук ФК Шкендија 

Остани поврзан