• сабота, 23 ноември 2024

Бечиќ: Речиси 90 отсто од граѓаните немаат претставници во владата на Црна Гора

Бечиќ:  Речиси 90 отсто од граѓаните немаат претставници во владата на Црна Гора
Подгорица, 5 мај 2022 (МИА) - Речиси 90 отсто од граѓаните на Црна Гора не се застапени во 43-та црногорска влада, изјави лидерот на Демократска Црна Гора, Алекса Бечиќ. Бечиќ на Твитер напиша дека Црна Гора на многу негативни начини покажува дека е земја на антиевропско и антидемократско однесување. „Ние сме земја на чудата бидејќи денес имаме влада во која речиси 90 отсто од граѓаните на Црна Гора немаат свои претставници“, рече Бечиќ. Според него, пратениците во Собранието, спротивно на Уставот и позитивните прописи, свикале седница на која ги донеле најголемите одлуки на системот. паг/   “

Остани поврзан